Темен режим Режим на светлина

Филипче: Искрено се надевам, но не верувам дека оваа Влада ќе обезбеди помош за земјоделците

Филипче: Искрено се надевам, но не верувам дека оваа Влада ќе обезбеди помош за земјоделците Филипче: Искрено се надевам, но не верувам дека оваа Влада ќе обезбеди помош за земјоделците

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој денес е во посета на Повардарието, разговарал со земјоделци, лозари, производители на житарици и констатирал дека ситуацијата е алармантна.
„Во оваа временска ситуација кога растат цените на нафтата, земјоделците се соочуваат со сериозни предизвици. Прво, по прашање на нивната егзистенција, како земјоделци и семејствата кои што преку земјоделството ги издржуваат. И второ, мора да знаеме дека може да се соочиме со сериозен недостаток поради сета оваа криза и негрижата на власта за овој сектор и недостаток на производство на одредени земјоделски култури, посебно житарици, што значи дека во следниот период може да се соочуваме со дополнителен раст на цената на лебот до крајот на годината“ изјави Филипче.

Тој вели никој не води грижа за наводнувањето, каналите не се исчистени, никој не води грижа за откупните центри кои што ги уценуваат со ниски цени земјоделците, а потоа тоа им е услов да добијат некакви субвенции. Како што кажа Филипче, субвенција е ниска и неисплатена за сточарите, кои имаат висока производна цена поради висока цена на работната рака, водата, ѓубрињата.

„Ако згора ако ги ставиме дека ги нема дополнителните пари преку ИПАРД програмата, поради тоа што од власта Европа ги фати како тие пари ги крадат, брутално, од џебот на земјоделецот. Ние во следниот период, имајќи предвид нивните барања ќе предложиме неколку предлог закони, како што тоа го направивме лани, што за жал власта го одбија тоа беше зголемена откупна цена по килограм грозје. Искрено се надевам, иако не верувам, дека од оваа власт ќе наидеме на разбирање и дека ќе се обезбеди некаква помош за земјоделците“ посочи Филипче.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Уапсени 13 возачи за безобѕирно управување

Уапсени 13 возачи за безобѕирно управување

Следна објава
НИколоски очекува проблемот со македонските транспортери при влез во ЕУ да се реши најкасно до 30 септември

Николоски очекува проблемот со македонските транспортери при влез во ЕУ да се реши најкасно до 30 септември