Филипче во посета на преживеаните во несреќата: Во добра здравствена состојба се

Веднаш по автобуската несреќа во Бугарија, министерот за здравство Венко Филипче заминал кај источниот сосед со цел да ги посети седуммината преживеани во болницата Пиргов. Како што соопши пред малку тие се во добра здравствена состојба, дел од нив имаат исекотини, бидејќи ги кршеле прозорците и скокале од задниот дел на автобусот, а еден од преживеаните имал скршеници.

Инаку, со страшната несреќа кај Перник загинаа 45 лица. Некои се толку изгорени што не можат ниту да се распознаат.

Филипче рече дека меѓу загинатите има и членови на едно семејство.

Премиерот Зоран Заев, пак, истакна дека патниците во автобусот биле од различни градови од Македонија.

-Од повеќе места се и од различни националности. Има еден граѓанин од Прешево кој бил со вереницата од Куманово и едно лице со белгиско државјанство, рече Заев.

Во Бугарија досега не се памети поголема автобуска несреќа. Бугарските медиуми пренесуваат дека во 1996 година имало автобуска несреќа, загинале 16 луѓе, кога не бил изграден автопатот.

Претходна вестМагловито и облачно со повремен дожд
Следна вестПолиција пред седиштето на „Беса транс“ во Скопје, се собраа роднини на жртвите од несреќата