Гневните граѓани на Кочани го превртеа автомобилот на газдата на дискотеката на смртта

220

Протестот кој започна во 13 часот во Кочани се уште трае, а гневните граѓани сега стигнаа до фирмата на сопственикот на дискотеката „Пулс“.

Како што јавуваат репортерите од местото на настанот, гневни граѓани најпрвин фрлале камења кон излогот на сопственикот на дискотеката, а потоа го превртеле неговото возило.

На снимката, објавена од местото на настанот се гледа како граѓани го клоцаат и удираат автомобилот, а на крајот го превртуваат.

Овој потег наиде на аплауз од присутните.

Полицијата се обидува да ја смири ситуацијата и на граѓаните да им соопшти дека во зградата има деца, но тие одговараат дека никој не се грижи за нивните деца.

Да потсетиме, најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва имала само 14 години. Повредени се најмалку 150 лица, кои се префрлени во болниците во Кочани, Штип и Скопје, а потоа итно пренесени во околните земји.

Претходна вестДемолиран кафе барот чиј сопственик е истиот од дискотеката во Кочани
Следна вестРазлични се изјавите за состојбата со повредените на Таравари со оние на лекарите во Софија и Белград