Темен режим Режим на светлина

Голем пожар избувна на траект со 288 луѓе што пловел од Грција кон Италија

Пожар избувна на траект кој пловел од Грција кон Италија, во кој имало 288 патници и членови на екипажот, соопшти грчката крајбрежна стража.

Грчки „Катимерини“ јавува дека патниците се евакуирани и дека веќе се во чамците за спасување, а засега нема информации дали има жртви или повредени.

Крајбрежната стража соопшти дека на бродот имало 237 патници и 51 член на екипажот.

Во спасувачката операција биле вклучени три брода на крајбрежната стража, а „Катимерини“ наведува дека во спасувачката операција се вклучени и хеликоптери.

Фериботот „Еурофери Олимпија“ под италијанско знаме пловел од Игуменица во Грција до пристаништето Бриндизи во Италија, а пожарот избувнал во близина на островот Крф во Јонското Море, пренесуваат агенциите.

Засега не се познати причините за пожарот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Лажен „лекар“ измамил битолчанка за илјадници евра

Матичните лекари на протест, нема да закажуваат термини преку „Мој термин“

Следна објава

Холандија, Германија, Австрија, Швајцарија... ги укинуваат мерките против вирусот, Македонија чека