Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска официјално потврди дека Грција ќе стане една од првите земји во Европската Унија што законски ќе го ограничи пристапот до социјалните мрежи за помладите од 15 години.
Во видео-обраќање преку платформата Тикток, Мицотакис соопшти дека новите правила ќе стапат на сила на 1 јануари 2027 година, а соодветниот предлог-закон ќе биде доставен до Парламентот веќе ова лето.
„Сакаме да им ја вратиме невиноста на децата и да ги заштитиме од дизајнот на апликациите кој создава зависност”, изјави Мицотакис, додавајќи дека Грција во оваа иницијатива се приклучува на земји како Австралија, Франција и Шпанија
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






