Темен режим Режим на светлина

Гoстиварец за документи и работа во европска земја платил 8.000 евра, не добил ништо

Гостиварец за документи и работа во европска земја платил 8.000 евра. Тој за услугата не добил ништо.

– Дваеесет и годишниот Џ. Ќ. од гостиварско село, вчера, во 15 часот, во СВР Тетово пријавил дека едно лице со кое електронски комуницирал и кое му се претставило дека е од Гостивар му ветило дека нему и на уште две други лица ќе им обезбеди документи за престој и работа во европска земја и дека за таа услуга му побарало и добило 8.000 евра. Но, по извесно време услугата не била извршена и тој сфатил дека е измамен, информираат од МВР.

Полицијата соопшти дека се расчистува случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Вработените од Финансии на протест пред Уставниот суд, бараат одлука да може да добиваат надополнување на плата

Следна објава

Шест лица прво се скарале а потоа и се степале за паркинг, користеле и нож