Синодот на МПЦ-ОА го избра архимандритот Никола од Мариово за викарен епископ велички

За викарен епископ велички денеска е избран досегашниот архимандрит Никола (Трајковски) од манастирот „Свети Никола“ во селото Манастир, Мариово. Тој ќе биде викарен архиереј на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА каде што началствува митрополит Петар.

Ова е наведено во најновото соопштение на МПЦ-ОА по завршувањето на седницата што беше одржана во полн состав и на која беа разгледани повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот.

-На почетокот од седницата Неговото блаженство архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, од името на Синодот, им посака добредојде на новоинтронизираните архијереи, со што се заврши процесот на интеграција во рамките на МПЦ – ОА, наведено е во соопштението од седницата.

Новиот викарен епископ Никола долги години е архимандрит во мариовскиот манастир „Свети Никола“ којшто пред две години одбележа 750 години од постоењето. Овој храм е сместен е непосредно на самиот крај на селото од јужната страна, на десниот брег високо над реката Црна во Чебренската клисура. Архимандритот Никола во него престојува од 2007 година со што таму беше обновен монашкиот живот.

Инаку, архимандритот Никола е автор и на книгата за “Руските монаси во Македонија” во која на Русите им се пренесуваат убавините на македонските цркви, но и на дејствувањето на нивните сограѓани во Македонија, односно на книжевната традиција што ја создавале по нивното доаѓање во Македонија.

Претходна вестСи повика да се спречи секој обид за „одвојување на Тајван“
Следна вестЛина Ѓорческа на 8 јануари ги почнува квалификациите на Австралија опен