Хонорари од 12.000 до 89.000 денари (околу 1.430 евра) земале лица ангажирани од Општина Кисела Вода во текот на 2021 година при што некои воопшто не го сработиле тоа што било договорено, утврдиле државните ревозори при конгролата во скопската општина Кисела Вода. Во објавениот ревизоркси извештај се констатира дека Општина Кисела Вода во континуитет ангажирала лица преку приватни агенции за вработување иако тоа може да се прави само во случаи кога треба замена за привремено отсутен работник. Ревизорите во извештајот навеле дека не можеле да најдат што тие правеле.
Некои од склучените авторски договори имаат предмет на изработка стручен труд поврзан со работни задачи, кои припаѓаат на редовно систематизирани работни места (изготвување систематизација, план за организирање културни манифестации, протокол за спортски манифестации, координирање активности во урбани и месни заедници, средби со медиуми, состаноци и агенда на градоначалникот и друго.
-Од доставените извештаи на лицата што биле ангажирани со авторски договор утврдивме дека некои од нив воопшто не презеле активности во насока на креирање авторско дело во согласност со склучените договори (стручен труд) и дефиницијата утврдена во член 12 од Законот за авторското право и сродните права, туку тие презеле конкретни и повторливи дејства како работни задачи во рамките на општинската администрација и за изборот на овие лица не постојат пишани критериуми како во поглед на потребата од нивно ангажирање така и во поглед на стручните квалификации и компетенции што би требало да ги поседуваат и не постојат критериуми ниту во утврдување на висината на надоместоците за извршената работа и тие се движат од 12 до 89 илјади денари, утврдиле ревизорите.
Од Државниот завод за ревизија посочуваат дека вкупниот број привремени вработени лица во 2021 година изнесувал 82, кои по месеци се движеле од 45 до 64.
-Отстапените лица од приватната агенција се ангажирани за вршење редовни работни задачи предвидени со правилникот за систематизација на работните места, а 30 од нив биле ангажирани континуирано за период подолг од две години. Ваквиот начин на работење не е во согласност со член 24 од Законот за приватните агенции за вработување, кој предвидува во кои случаи агенцијата може да отстапи работник за вршење привремени работи и да склучи договор, но не подолго од две години, со или без прекин. 29 од вкупно ангажираните лица не ги исполнуваат потребните услови за образование утврдени во правилникот за систематизација на работните места, што не е во согласност со одредбите на член 19 од Законот за приватните агенции за вработување, се додава во ревизорскиот извештај.
Во него се посочува дека во ревизорскиот извештај се вршела проверка на работењето на Општината, и тоа додека градоначалници биле Филип Темелковски (до 26.10.2021 година) и Орце Ѓорѓиевски.





