Во текот на летната туристичка сезона, во Црна Гора ќе бидат ангажирани 57 странски полицајци од седум земји од регионот и пошироко за помош на Регионалниот безбедносен центар Југ, соопшти Управата на полицијата. Од полициската управа за Агенцијата МИНА велат дека во рамки на проектот „Безбедна туристичка сезона 2024“ продолжила повеќегодишната соработка со меѓународните партнерски служби и во текот на летната туристичка сезона.
-Врз основа на меѓународни билатерални договори за размена на полициски службеници, кои полициската управа ги склучи со партнерски служби од Албанија, Хрватска, Италија, Косово, Романија, Северна Македонија и Србија, континуирано се спроведуваат активности со цел одржување и подобрување безбедносната средина во крајбрежните општини, соопшти полицијата.
Како што наведоа, овој вид на соработка, заедно со другите активности што ги спроведува Управата на полицијата, има за цел да обезбеди целосна лична и имотна безбедност на сите граѓани, туристи и други лица кои транзитираат во Црна Гора за време на летната туристичка сезона.





