Пешаците се најзагрозените во сообраќајот. Но има и пешаци кои претеруваат и сакаат да поминат улица буквално каде ќе им текне. Полицијата вчера се обидела да ги дисциплинира таквите.
Имено, сообраќајната полиција организирала контрола на почитувањето на сообраќајните прописи и правила на пешаците и при тоа вкупно биле казнети 158 пешаци, најмногу во Скопје, Битола, Куманово и во Охрид.
На територија на град Скопје казнети се 58 пешаци. Во Битола, во периодот од 16 до 20 часот санкционирани се 24 прекршоци на пешаци. Во Куманово се казнети 23 пешаци, додека во Охрид на 20 пешаци.
Полицијата уверува дека контролите ќе продолжат. Ќе успеат ли да ги дисциплинираат пешаците?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





