Темен режим Режим на светлина

Пановски пак бара укинување на сертификатите, а кажа и колку вакцинирани починале од вирусот

Се повеќе држави од Европа ги кратат мерките за борба против Ковид-19. Македонските здравствени власти чекаат.

Независните медицински експерти од Македонија опоменуваат дека голем дел од мерките се нелогишни, па дури и контрапродуктивни. Се бара и учинување на сертификатите.

Најново барање за укинување на сертификатите упати микробиологот д-р Никола Пановски во емисијата „Во Центар“ каде побара тие итно да се укинат откако прецизираше дека во време на омикрон сојот нема никаква разлика помеѓу вакцинираните и невакцинираните. Тој изнесе и факти за тоа колку починати лица имало меѓу заразените граѓаните кои претходно природно го прележале корона вирусот и меѓу оние кои биле вакцинирани.

-По правило, би требало прележаните да се позаштитени од вакцинираните. Природен имунитет, кај нас сега последно кажаа дека 13 прележани починале. Од сите прележани, а невакцинирани, досега се починати 13, а некои од нив прележале пред две години. Од вакцинираните, бројот на починати е некаде околу 1.000. И сега некој кажува, министерот Филипче кажа, па го натера и премиерот, нашите врвни стручњаци ни кажаа дека вакцината е многу подобра од природниот имунинет. И тоа го кажуваа и нас не множеа со нула и светот го множеа со нула, кажа Пановски.

Инаку, тој уште во декември минатата година побара Македонија да биде прва земја која ќе ги укине сертификатите за примените вакцини.

-Сертификатите никогаш не требаше да се донесат, не треба веќе да ги малтретираат луѓето и да им забрануваат движење. Сега е веќе крајно време да се стори тоа. Факт е дека и вакцинираните лица го шират вирусот. Во Австралија, во Сиднеј, каде има 87 проценти вакцинирани со две дози имаат екплозија на ширењето на вирусот и покрај сите преземени мерки. Каква врска имаат тогаш сертификатите, изјави тогаш Пановски.

Вчера и епидемиологот Драган Даниловски изјави дека ковид-сертификатите треба да се укинат.

-Знаеме дека вакцините не штитат од заразувањето, а посебно што цвета бизнисот со фалсификати. Неприфатливо е што со стручно-неисправна и бесмислена мерка да се инсистира да се зголеми опфатот со вакцинација. Тоа е бесмислено, потенцира Даниловски.

Надлежните од Комисијата за заразни заболувања упорно одбиваат да ги укинат сертификатите наведувајќи дека тие се уште се потребни за да се спречело наглото ширење на корона вирусот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Бара ли Комисијата што друго е причина за големата смртност од Ковид-19?

Следна објава

И пешаците претераа