Темен режим Режим на светлина

Утре отворен ден во „Лајка“ – кој сака да си вдоми куче

Тензии околу „Лајка“: Разрешена директорката, има силни реакции Тензии околу „Лајка“: Разрешена директорката, има силни реакции

ЈП „Лајка“ утре од 10 до 13 часот, организира отворен ден на кој ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние што размислуваат да вдомат куче од прифатилиштето во овој стационар.

На отворениот ден во „Лајка“, како што посочуваат од претпријатието, се поканети и сите граѓани кои сакаат да донираат за да се подобрат условите во прифатилиштето за кучиња. Добредојдени се донации во форма на храна и средства за хигиена.

Граѓаните кои планираат или размислуваат да вдомат куче и сакаат својот миленик да го изберат од прифатилиштето на „Лајка“, ќе имаат можност на отворениот ден да се подружат со кучињата за кои се заинтересирани, да добијат детални информации за секое од нив, како и за процесот на вдомување.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

И пешаците претераа

Следна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Уште утре топло, од недела дожд