Темен режим Режим на светлина

Игор Ангелов и Верица Недеска вечерва со „Љубовни писма“ во Скопје

Игор Ангелов и Верица Недеска вечерва со „Љубовни писма“ во Скопје Игор Ангелов и Верица Недеска вечерва со „Љубовни писма“ во Скопје

Претставата „Љубовни писма“ (Love Letters), базирана на истоимената драма од американскиот автор Алберт Рамсдел Гарни, вечерва во 20 часот ќе се изведе во просторот на „The Dude Specialty Coffee“ во Скопје. Улогите ги играат Игор Ангелов и Верица Недеска, а режијата ја потпишува Ангелов, кој се одлучува за сведена и минималистичка поставка.

Делото ја раскажува приказната за двајца луѓе чиј однос се развива од детските години до зрелоста, прикажан низ нивната меѓусебна кореспонденција. Писмата откриваат љубов, амбиции, општествени разлики, компромиси и моменти што останале нереализирани.

Наместо нагласена режиска интервенција, фокусот е ставен на зборот и тишината. Секој ред носи тежина, а паузите стануваат дел од драмската напнатост. „Љубовни писма“ со децении опстојува на светските сцени токму поради својата едноставна, но длабоко човечка форма – без класична сценографија, без движење, без ефектни пресврти. Драмата се гради преку читање, преку изговорениот збор и преку она што останува недоискажано.

Амбиентот на „The Dude Specialty Coffee“ дополнително ја потенцира интимноста на изведбата, претворајќи ја публиката во непосреден сведок на една животна приказна што се отвора пред нив.

Визуелниот сегмент е збогатен со илустрации од младата уметница Веда Спасовиќ, кои суптилно ја надополнуваат атмосферата на претставата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
14 изненадувачки факти за љубовта и сексот што веројатно не ги знаевте

14 изненадувачки факти за љубовта и сексот што веројатно не ги знаевте

Следна објава
Ѓорѓиевски: Наследивме урнат град, но во овие 100 дена покажавме како се работи

Ѓорѓиевски: Наследивме урнат град, но во овие 100 дена покажавме како се работи