Имале визија, имале знаење: Пред 79 години основан Македонскиот народен театар

Документот издаден од страна на Президиумот на АСНОМ пред 79 години на денешен ден, 31 јануари 1945 година носи број 581/45, и по форма не е многу различен од бројните други кои што ги издавала оваа прва македонска влада во ослободената Македонија. Но, сепак, беше документот е многу важен акт. Односно – историски.

Во него е впишано основањето на Македонски народен театар, акт со кој – театар на македонски јазик – стана реалност. Сонот и желбите на генерации и генерации  желбата на актерите, режисерите, авторите, сценографите, костимографите, сценските работници и публиката, беше остварен. Тогаш и почна културната мисија на МНТ која што трае и ден денешен и стана еден од темелите на македонската култура.

За директор беше поставен Димитар Ќостаров како режисер и директор на Драмата, а Илија Милчин е глумец, режисер и секретар – драматург. Тука беа и актерите: Тодорче Николовски, Петре Прличко, Крум Стојанов, Трајко Чоревски, Мирко (Тихомир) Стефановски и Благоја Црвенков. Како сценографи беа Томо Владимирски и Василие Поповиќ-Цицо — сценографи. Кон овој состав се приклучиле и дваесетина членови на техничкиот и административниот персонал, кои ја опслужувале големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена во 1927 година).

А потоа, набрзо, во април следеше и прва премиера. „Колку е блиску сонцето…“ биле први зборови на народен македонски јазик кои таа вечер на 3 април 1945 година одекнаа во салонот на тетарската зграда на левиот брег на Вардар во Скопје. Репликата од театарската претстава „Платон Кречет“ означи и официјалне почеток на работата на Македонскиот народен театар. Зборовите коишто ги изговори младата актерка Вера Вучкова означија почеток на делувањето на новиот театарски ансамбл од чии штици почнува да се слуша македонскиот јазик и на кој се изведувани врвни дела на театарската уметност. Остана забележано дека режисерот на претставата бил Димитар Ќостаров,  преводот на Блаже Конески, сценографија на Тома Владимирски, а актери биле Илија Милчин, Илија Џувалековски, Крум Стојанов, Гордана Аќимовиќ, Тодор Николовски…

Инаку, претходно, за основоположници на театарот во Македонија се сметаат Јордан Хаџи Константинов–Џинот, драмски писател, преродбеник и учител, Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер, како и актерите Петре Прличко и Димче Трајковски. Тие со своите патувачки трупи и групи прават театар на отворено, по кафеани, во општински згради и разни импровизирани простори.

Претходна вестСтраотен пораз за граѓанска Македонија
Следна вестОгранокот на партијата на Ердоган во Германија ќе учествува на избори, името и е „Повик за приклучување кон Исламот“