Инцидент пред неделното дерби во Кавадарци: Комити ги нападнале Лозари, им одзеле транспаренти

Инцидент меѓу навивачките групи на фудбалските клубови Вардар и Тиквеш – Комити и Лозари кои в недела ќе имаат меѓусебен натпревар се случил завчера вечер во Кавадарци. Според информациите, навивачите од групата Комити со неколку автомобиле пристигнале во Кавадарци по што се упатиле во спортската сала „Мито Хаџивасилев – Јасмин“. Таму, додека Лозарите во салата Јасмин ги подготвувале транспарентите за неделното дерби, им упаднале неочекувани гости. Повеќе медиуми информриата дека навивачите на Вардар влегле со факели и тврди предмети по што физички ги нападнале Лозарите и им ги земале материјалите.
Се наведува дека инцидентот е снимен со безбедносни камери од СЦ „Јасмин“. МВР најави повеќе детали за инцидентот.
Комитите на социјалните мрежи се пофалија со пленот. На Фејсбук страницата на оваа навивачка група се повикуваат навивачите за организирано одење во Кавадраци в недела во 16 часот.

Претходна вестЛевица: Иако Кока нема ниту еден ден искуство во енергетиката, тоа не беше проблем ненародната влада да го постави за директор на „АД МЕПСО“
Следна вестОд Ватерло започна европската промоција на историското дело „Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име“