Во услови на наводно прекршување на прекинот на огнот, Соединетите Американски Држави, според ирански извори, таргетирале ирански нафтен танкер кој се движел од крајбрежните води кај Џаск кон Ормутскиот теснец, како и друг брод во близина на влезот во теснецот покрај брегот на Фуџаира.
Истовремено, според истите тврдења, биле изведени и воздушни напади врз цивилни области во координација со одредени регионални земји, при што биле погодени локации во градовите Бандар Ха, Сирик и островот Кешм.
Иранските вооружени сили соопштија дека веднаш возвратиле со напади врз американски воени бродови во источниот дел на Ормутскиот теснец и јужно од пристаништето Чабахар, при што тврдат дека била предизвикана значителна штета.
Иранските власти најавуваат дека ќе одговорат на секоја понатамошна агресија, истакнувајќи дека ќе реагираат „решително и без двоумење“ на секој напад или повреда на нивниот суверенитет.





