Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи откако американската војска соопшти дека пресретнала „неиспровоцирани ирански напади“ во Ормутскиот теснец. Тој тврди дека три американски разурнувачи успешно поминале низ теснецот без штета, додека иранските сили претрпеле „големи загуби“.
Според него, сите ракети и дронови биле соборени, а повеќе ирански пловила уништени во одговорот на САД.
Американската војска потврди дека нападите се случиле за време на транзитот на бродовите, но нагласи дека ниту една американска цел не била погодена. Во соопштението се додава дека САД возвратиле со напади врз ирански воени позиции, вклучително и ракетни лансирни рампи, командни центри и системи за надзор.
Вашингтон порача дека не бара ескалација на конфликтот, но ќе продолжи да ги штити своите сили и да ја одржува поморската блокада во регионот.




