Темен режим Режим на светлина

Исланд на работ на пукање, голема вулканска ерупција му се заканува на островот

Жителите на островот Исланд стравуваат од голема вулканска ерупција. Во последните неколку дена земјотресите на Исланд не престануваат, имаше денови кога земјата се тресеше речиси 1.000 пати, пренесуваат медиумите од оваа земја.

– Се плашам дека никогаш повеќе нема да го видам мојот дом. Ситуацијата е ужасна, вели Исланѓанецот Гисли Гунарсон, кој морал да го напушти родниот Гриндавик поради страв од вулканска ерупција, пренесува Би-би-си

Гисли е еден од речиси 4.000 жители на Гриндавик, град недалеку од Рејкјавик, кој беше евакуиран од својот дом.

– Патот пукна, зградите претрпеа структурни оштетувања. Целата земја е во шок, вели еден од жителите, кој морал да се евакуира.

Би-би-си пишува дека на жителите вчера им било дозволено накратко да се вратат за да си ги соберат своите работи, но дека областа набргу повторно била затворена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски: Случајот со пратеникот Петрушевски ќе го истераме до крај сѐ додека нестручниот судија не биде разрешен

Следна објава
Над 50 милиони евра присилно наплатени од граѓани во 2025 година

Функционерите до Нова година ќе земаат 78 отсто поголеми плати, опција за намалување тешко се избира