Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката на израелската амбасада во Лондон. Орли Голдшмит тврди дека во последните 45 години Иран се обидува да го нападне Израел преку посредници – Хезболах, Хамас и Хутите.
-Иран го гледа Израел како западна земја која треба да се уништи. Ги слушаме нашите сојузници и го земаме предвид она што го велат, но на крајот на денот ќе мора да се браниме од оваа иранска закана, рече таа.
На прашањето како може да изгледа одговорот, таа рече:
-Нема да коментирам како ќе изгледа одговорот, но ќе кажам дека се разговара за сите опции, а воениот кабинет ќе одлучи кога е добар момент за акција. Тоа не е одмазда, ние не сме за одмазда, но сакаме да се увериме дека тие ќе бидат одвратени, рече таа.