Темен режим Режим на светлина

Јавниот долг достигна лимит од 60 отсто од БДП- пораснал за 15 проценти

Долгот на општините загрижувачки се зголемува, најалармантно е во Гостивар, Тетово и Карпош Долгот на општините загрижувачки се зголемува, најалармантно е во Гостивар, Тетово и Карпош

Во услови пандемијата на ковид-19, постигнат е лимитот на јавениот долг од 60 отсто од бруто-домашниот производ (БДП) и долгот е зголемен за 15 процентни поени, предупредува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизијата на успешност на тема „Управување со јавниот долг – задолжување на Република Северна Македонија“.

Исто така се посочува дека 75 проценти од вкупниот јавен долг, односно 88 отсто од државниот долг е за финансирање на буџетскиот дефицит поради проектирани повисоки расходи од приходи.

Во ревизорскиот извештај е констатирано дека отсуството на посебен закон/подзаконски акт или стратегиски документ за водење на јавните финансии во исклучителни околности/кризна или вонредна состојба, претставува ризик во управувањето со јавниот долг.

Исто така, ревизорите констатираа мал процент на реализација на капиталните проекти. Ваквата состојба е резултат на избор на проекти без прецизни и јасни критериуми, не предвидена Методологија за селекција на проекти, реализација на проекти кои не се во рамките на буџетскиот процес, како и отсуството на следење и надзор на проектите. Ваквите состојби влијаат на ефикасното, ефективното и економичното користење на јавните средства и на управувањето со јавниот долг.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

И Франција ни порача дека многу не сака во ЕУ

Следна објава

Замрзнати цени уште овој месец