Темен режим Режим на светлина

Јован Тозиевски е гаранција за проекти и развој на Ресен, кажа Сајкоски

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, вечерва од митингот во Ресен побара поддршка за уште еден мандат за актуелниот градоначалник Јован Тозиевски и за советничката листа на партијата.

-Денеска бараме поддршка за да имаме континуитет во работата, за уште еден мандат за Јован Тозиевски и поддршка за советничката листа. Заедно можеме да направиме и она што изгледаше невозможно – како што покажа Јован пред четири години кога стана градоначалник на Ресен, истакна Сајкоски.

Тој додаде дека со визија и со кандидат каков што е Тозиевски, можно е да се реализираат и ветените и невтените проекти – нова инфраструктура, водоводи, пречистителни станици и подобрување на условите за живот во Ресен.

-Во Ресен можеме да донесеме нова надеж – надеж со поддршка за Јован Тозиевски и за советничката листа, порача Сајкоски.

Со ваква централна и со ваква локална власт можеме да направиме многу за Ресен и Преспа. Можеме да донесеме успех на повеќе нивоа, истакна Сајкоски.

Тој порача дека поддршката за советничката листа и за кандидатот за градоначалник претставува воедно поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и за владата на Република Македонија. Тоа е потврда дека треба силно да продолжиме да работиме, додаде Сајкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Почна судењето за поранешната претседателка на Антикорупциска

Следна објава

Граѓаните и Македонија се уморни од политичари како Венко, Али, Димче, тие прават коалиции за пари, ние за иднина, истакна Мицкоски