Казнети 127 возачи во Скопје, 37 возеле пребрзо, осуммина без дозвола…

На територија на град Скопје, изречени се вкупно 127 мерки при контроли во сообраќајот во текот на вчерашниот ден, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи за контролите на скопските сообраќајници.

Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина – 37 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, три за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал-црвено светло…

Од МВР нагласуваат оти сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Претходна вестСончев ден по студено утро
Следна вестПатиштата проодни, забрана само за тешки товарни возила на патниот правец Струмица – Берово