Сончев ден по студено утро

Денеска времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје утрото ќе биде студено со услови за слаба магла, а преку денот сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Времето во наредните денови ќе биде стабилно, на почетокот на неделата со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст. Во котлините наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска.

Претходна вестИзбори во Србија: Вучиќ прогласи победа на СНС, опозицијата обвинува за изборна кражба
Следна вестКазнети 127 возачи во Скопје, 37 возеле пребрзо, осуммина без дозвола…