Пребрзото возење и вчера во последниот ден од викендот бил најчест сообраќаен прекршок на скопските сообраќајници. Од вкупно 216 казнети возачи дури 138 санкцијата ја добиле поради пребрзото возење.
-Изречени се и 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 10 мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




