Темен режим Режим на светлина

Казни за 192 возачи во Скопје, 37 за брзо возење

Времен изменет сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи Времен изменет сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на Град Скопје биле изречени вкупно 192 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 37 казни, 17 за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и 20 казни за користење мобилен телефон, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум за непрописно престројување, шест за некористење сигурносен појас, 64 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Уапсени малолетници од Арачиново непосредно по извршена кражба

Следна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособноста на владата граѓаните се во неизвесност дали ќе има греење