Ќе се намали ли бројот на оружјето во Македонија, МВР бара замена на дозволите издадени до 2006 година

Повик до граѓаните за задиолжителна замена на дозволи за оружје издадени до 31. 12. 2006 година упати денеска МВР.

-Сите граѓани и правни субјекти задолжително треба да ги заменат дозволите и овластувањата, издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје. Барањата за нови дозволи се достапни на веб страната на Министерството за внатрешни работи mvr.gov.mk или во Отсеците за оружје, експлозивни и опасни материи на Министерството за внатрешни работи, според живелиштето на граѓаните, односно седиштето на правното лице, секој работен ден во период од 8:00 до 16:00 часот најдоцна до 04 јуни 2023 година, се наведува во соопштението.

МВР додава дека ова кампања е иницирана од Националната комисија за мало и лесно оружје и поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје преку вонбуџетскиот проект „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје” со финансиска помош на донаторите на проектот.

Во соопштението не се наведува дали заменувањето на дозволите за оружје ќе се врши по автоматизам. Односно, дали сите граѓани коишто ќе поднесат барање за замена на дозволите повторно ќе ги добијат.

Претходна вестИвановска: Груби ги користел службените простории за партиски цели
Следна вестВучиќ најави во секое училиште полицаец и разоружување на Србија, од 400.000 ќе останат 30.000 дозволи