Темен режим Режим на светлина

Кој ќе плати со кинески јуани, Иран ќе му дозволи премин преку Ормутскиот теснец

САД уништиле 17 ирански бродови, има битка за Ормутскиот Теснец а Иран тврди дека уште го контролира стратегиското место САД уништиле 17 ирански бродови, има битка за Ормутскиот Теснец а Иран тврди дека уште го контролира стратегиското место

Иран разгледува можност да дозволи поминување на ограничен број нафтени танкери низ Ормускиот теснец, под услов трговијата со нафта да се одвива во кинески јуани, открил висок ирански функционер за CNN.
Изворот додал дека ова е дел од нов план со кој Исламската Република сака да го контролира протокот на танкерите низ теснецот.

Поради тензиите околу Ормускиот теснец, кој е клучна артерија за светското снабдување со енергенси, цените на нафтата се искачија на највисоко ниво од јули 2022 година, односно од летото по руската инвазија врз Украина.

Обединетите нации предупредуваат дека ограничувањата во поморскиот сообраќај низ теснецот ќе имаат „огромно влијание“ врз хуманитарните операции додека трае војната.
„Кога бродовите ќе престанат да поминуваат низ тој теснец, последиците многу брзо се чувствуваат“, изјави Том Флечер, заменик-генерален секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања.
„Храната, лековите, ѓубривата и другите неопходни производи стануваат потешки за транспорт и многу поскапи за испорака“, додаде тој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Странски факултети ќе го проучуваат проектирањето и градењето на автопатот Кичево – Охрид, може и астролози ќе се вклучат

Странски факултети ќе го проучуваат проектирањето и градењето на автопатот Кичево - Охрид, може и астролози ќе се вклучат

Следна објава
(Видео) ИНФОСКОП – Скопска хроника 04 февруари

(Видео) ИНФОСКОП – Скопска хроника на Прва Скопска ТВ - 13 март