Темен режим Режим на светлина

Стоп од Швајцарија за прелет на американски борбени авиони

Стоп од Швајцарија за прелет на американски борбени авиони Стоп од Швајцарија за прелет на американски борбени авиони

Швајцарија им забрани на два американски воени авиони да прелетаат над нејзината територија поради конфликтот во Иран, соопшти сношти швајцарската Владата, пренесе ДПА.

Швајцарските власти се повикаа на законите за неутралност на земјата, кои забрануваат прелети од страните вклучени во конфликтот за воени цели.

Барањето на САД се однесуваше на два извидувачки авиони, појаснува германската агенција.
Меѓутоа, беа одобрени барањата за еден лет на авион за одржување и два транспортни авиона поврзани со конфликтот во Иран.

Швајцарските власти изјавија дека се дозволени прелети за хуманитарни или медицински цели, како што е транспорт на ранетите, како и летови што не се поврзани со конфликтот, појасни ДПА.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Сонце и малку облаци, во Скопје денес до 18 степени

Следна објава
Сите патни правци во државата се проодни

Сите патни правци во државата се проодни