Темен режим Режим на светлина

Кондуктер почина по напад во регионален воз, Германија бара построги мерки

Кондуктер почина по напад во регионален воз, Германија бара построги мерки Кондуктер почина по напад во регионален воз, Германија бара построги мерки
Flexity Alexanderplatz Dircksenstrasse Foto : Sven Lambert Datum : 21.08.2013Es gelten die AGB des Fotografen. Der Fotograf uebernimmt keine Gewaehrleistung bei einer eventuellen Verletzung Rechte Dritter. Bankverbindung Deutsche Bank 24 - BLZ 10070024 Kto 1615277 Jegliche Veroeffentlichung ist honorarpflichtig, zuzueglich 7%MwSt! Urhebervermerk wird gem. Paragraph 13 UrhG verlangt!

Германија е во шок по смртоносниот напад врз кондуктер во регионален воз во близина на Кајзерслаутерн, настан што повторно ја отвори дебатата за безбедноста на железничките работници и за растечкото насилство во јавниот превоз.

Триесет и шестгодишен кондуктер бил нападнат од патник за време на рутинска контрола на билети во понеделникот, а утрово им подлегнал на тешките повреди. Случајот предизвика силни реакции кај политичарите, синдикатите и раководството на Германските железници (Deutsche Bahn).

Претседателката на Управниот одбор на Deutsche Bahn, Евалин Пала, инцидентот го нарече „црн ден за сите железнички работници“, нагласувајќи дека жртвата само ја извршувала својата работа кога била нападната на, како што рече, брутален и бесмислен начин.

Федералниот министер за транспорт Патрик Шнајдер изрази згрозување од настанот, истакнувајќи дека е недозволиво работник да го загуби животот додека се грижи за редот и безбедноста на патниците. Министерот за внатрешни работи Александар Добринт побара најстрога можна казна за сторителот, како и заострување на кривичноправната заштита на вработените во јавните услуги.

Синдикатите најавија засилен притисок врз властите. Железничкиот синдикат ЕВГ повика на минута молк, додека ГДЛ и Синдикатот на полицијата побараа поголемо присуство на обезбедување и полиција во возовите.

Според официјални податоци, само во 2024 година биле регистрирани речиси 3.000 кривични дела против железнички работници, од кои повеќе од 1.200 случаи на телесна повреда, што дополнително ја зголемува загриженоста за нивната безбедност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
(Видео) 5 минути здравје со д-р Митов – Епизода 03

(Видео) 5 минути здравје со д-р Митов - Епизода 04

Следна објава
Центарот на Скопје денес без вода

Центарот на Скопје денес без вода