Темен режим Режим на светлина

Коњановски: Пензионерите заслужуваат внимание, почит и поддршка

Коњановски: Општина Битола гради 6 нови паркинг простори Коњановски: Општина Битола гради 6 нови паркинг простори

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со претставниците на Здружението на пензионери од Битола, на која се разговараше за актуелните предизвици и потреби на оваа категорија граѓани, како и за мерките што ќе придонесат за подобар квалитет на нивниот живот.

Во пријатна и конструктивна атмосфера, Коњановски истакна дека пензионерите се генерација што дала многу за развојот на заедницата и затоа заслужуваат посебно внимание и грижа.

„Пензионерите се темелот на нашето општество. Нивниот труд и искуство се непроценливи, а нашата обврска е да им овозможиме достоинствен живот, активно учество во заедницата и пристап до социјални и културни содржини,“ рече Коњановски.

Тој додаде дека локалната самоуправа ќе продолжи со спроведување активности и проекти насочени кон создавање подобри услови за живот на постарите сограѓани, преку поддршка на здруженијата, унапредување на социјалните услуги и поттикнување на генерациска поврзаност во општеството.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Култура, спорт и социјални мерки – планови за Шуто Оризари од кандидатот Ѓорѓиевски

Следна објава

Проданоски: Ќе го градиме Прилеп со трудот и знаењето на нашите градежници