Темен режим Режим на светлина

Ковачевски и Ахмети ќе одат ли во училиште?

Школската година во Македонија влезе во третата недела. Повторно со многу проблеми, недоречености… и повторно со многу ветувања од ресорното министерство дека се ќе биде во ред.

И како по старата долгогодишна традиција – учениците и родителите можат да видат дека многу работи не се во ред.

Подготвени „материјали“ како замена за учебниците кои доцнат, искинати, исчкртани и учебници на кои им фалат цели страници, снаоѓања со фотокопии, фотографирање на наставните лекции… е начин на којшто многумина ученици во Македонија ја започнаа учебната година. Тоа ли е начин да се започне учебна година?

Прашањето е до министерот и до многуте дебело платени директори, раководители… во министерството и разните бироа за развој на образованието…

Зошто изминативе месеци и периодот на распустот не им беше доволен на надлежните да испечатат нови учебници? Во основното образование за учениците од второ и од петто одделние, како и за тие од прво и четврто учебниците доцнат поради измени во наставните програми. Во средно образование и оваа година повторно нема учебници за специфични средни стручни училишта, за одредени стручни предмети. Сето ова одамна постои како проблем, но и годинава не се решава на време.

Сега, на сето ова се надоврза и проблемот со дотраени и искинати учебници коишто учениците бесплатно ги добиваат на почетокот на учебната година. Исчкратени, искинати, без страници… тоа е „наследство“ коешто го добиваат новите генерации ученици и од кое треба да постигнуваат добри резултати во учењето. А зошто надлежните го дозволуваат ова? Ако веќе не може да се санкционира нечувањето на дадените учебници може ли тогаш од употреба да се повлекуваат веќе неупотребливите и да се отпечатат нови кои ќе им се даваат на новите генерации на ученици. Ги погледна ли некој од надлежните користените учебници?

За состојбата на некои училишни згради во Македонија и недостатокот на нагледни средства ич да не отвораме тема.

Ќе одат ли првенците од Владата да видат што се случува во училиштата? Кога ќе има оставки за вакви работи? Кога некој ќе биде повикан на одговорност поради ненавремено завршување на работите?

Прашањата се до Димитар Ковачевски и Али Ахмети – тие ја водат Владата, секој на свој начин.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

СДСМ: Референдумот е измама на Мицкоски за граѓаните, за свои цели и против ЕУ

Следна објава

Османи за вработувањето на Ејупи и Костовска: Имаме недостиг на кадар, тешка е работата во дипломатијата