Темен режим Режим на светлина

Османи за вработувањето на Ејупи и Костовска: Имаме недостиг на кадар, тешка е работата во дипломатијата

Нема ништо незаконито и во вработувањето во МНР на сопругата на пратеникот Мартин Костовски која е преземена од Куманово, изјави денеска Бујар Османи, министер за нандворешни работи. Во настапот на ТВ 24 тој објаснуваше дека МНР има недостиг на кадар и дека таа стартува на пониска позиција.

-Нема ништо незаконито во вработувањето. Министерството има недостиг на кадар кој ќе се посвети на тешката работа во дипломатија. Нововработените започнуваат со минимална плата и треба години за да напредуваат во кариерата. Тоа е тешка професија, тие се некој вид номади кои цел живот го поминуваат на различни места. Госпоѓата Костовска е преземена од Куманово и сега е на пониска позиција одошто била претходно, објаснуваше Османи.

Тој повтори дека нема ништо спорно ниту во вработувањето на Бесмира Ејупи, која е сега во протоколот на МНР откако е преземена од Министерството за политички систем. Познато е таа досега од различни државни институции земала хонорари од 12 илјади евра, за што веќе е покрената истрага.

– МНР има потреба од 50 вработувања, но сега Министерството за финансии одобри 16. Секој млад човек кој знае јазици и сака да се посвети да конкурира, порача Османи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ковачевски и Ахмети ќе одат ли во училиште?

Следна објава

Левица ќе го поддржи Референдумот иако има забелешки за прашањето