Понуда до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да ја добие премеирска позиција во преоданата Влада во интерес на спроведување на уставните промени упати премиерот Димитар Ковачевски на денешниот брифинг во Владата. Понудата е упатена иако постои договор меѓу владеачките СДСМ и ДУИ премиер во следната техничка Влада да биде Албанец.
На брифингот кој го одржал премиерот Ковачевски за дел од медиумите било кажано дека нова лидерска средба нема да има и дека откако позициите станале јасни сега е прашањето дали Христијан Мицкоски сака или не да остане во процесот.
-Не постои веќе разговор за содржината на уставните измени, и тоа е огромна придобивка. Не се спори исто така усвојувањето на уставните измени. Во моментов сме на позиција дека тие две прашања не се спорни и останува како клучно прашањето како да се направат тие уставни измени, рече Ковачевски на брифингот.
Тој најави дека наредните денови иницијативата за уставни промени ќе дојде во Владата и реално е да се очекува дека до крајот на овој месец ќе стигне во Собранието, но најави дека му се остава простор на ВМРО-ДПМНЕ да се консолидира околу позициите.
Според премиерот, постојат концепциски и процедурални разлики меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, но на лидерската немало разговор за содржината на истите, туку за роковите кога да се спроведат.
-Битна е брзината на спроведување со оглед на околностите и роковите, кои се поставени и од самата Европска Унија. Усвојувањето на уставните измени е процудера. Во моментов предлгогот е во Министерството за правда, а оттаму треба да биде доставен до Собранието. За уставни измени, ако се почне во овој момент се потребни минумум три и пол месеци, а како што брифираат владини извори очекувањата се дека процесот ќе трае неколку месеци, со оглед на тежината на одлуките и собраниските процедури кои се потребни, за да бидат изгласани. Целта на навремено спроведување на уставните измени, согласно Преговарачката рамка е забрзување на процесот на преговори, од старт затворање на две поглавја, забрзување на евроинтеграцијата, а тоа пак овозможува поврзување со европските пазари, економски раст, повеќе инвестиции, извоз, нови работни места, беше кажано на брифингот.
Владата ќе почека неколку дена ВМРО-ДПМНЕ да делегира свои претставници во работната група, но според владини извори засега нема расположение опозициската партија да учествува во работната група.
Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија кусо немаат намера да учествуваат во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби, дека имале јасни позиции, од кои не остатупаат.
-ВМРО-ДПМНЕ нема намера да учествува во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби, имавме јасни позиции, од тоа нема поместување. ВМРО-ДПМНЕ има премногу јасни позиции и од тоа нема поместување. Несериозно е продолжувањето со лицитации, кое само покажува дека СДС ниту биле искрени, ниту пак имаат намера да ги заштитат националните интереси, ниту пак вистинска интеграција. За нив ова е борба за функции и за преживување и одбегнување на кривично гонење. Ковачевски треба да знае дека функциите ниту му се во џеб, ниту тој е тој кој дава или зема, тоа го прави само народот на избори, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.




