Кривична пријава за фалсификување исправа

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал – Одделение за корупција и фалсификати поднесе кривична пријава против И.Д.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.

Пријавениот,  во својство на наводно ополномоштено лице од друго лице, кое било починато,  да може да  управува патничко возило на подрачјето на државата и надвор од неа и да може да ги превзема сите потребни работи врзани за регистрација и отуѓување на возилото, без валидно полномошно заверено кај нотар, на 17.05.2023 со лажно прикажување на факти се обидел да склучи договор за купопродажба на возилото пред нотар за да може да го присвои.

Претходна вестСообраќајот непречено по суви коловози
Следна вестПознати носителите и коносителите на СДСМ на изборните листи