Времето денес променливо облачно со дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, особено претпладне со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи. На повисоките планини ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) најизразен долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали.

Во Скопје претпладне со повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец, а облачноста попладне ќе се намали.

Утре времето ќе биде умерено до значително облачно. Од пладневните часови со повремен дожд пообилен во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 6 до 16 Целзиусови степени.

Претходна вестВо ДИК утре ждрепка за утврдување на редоследот на претседателски кандидати
Следна вестЗНАМ ги обелодени носителите на листи во сите 6 изборни единици за парламентарните избори