Познати носителите и коносителите на СДСМ на изборните листи

СДСМ вчера одржа седници на Централниот и на Извршниот комитет и конгрес на кој се донесе одлука за листите за пратеници за парламентарните избори 2024 на 8 мај.

Носител на листата на партијата и коалицијата во Првата изборна единица е Димитар Ковачевски, а како втора ко-носителка е Моника Зајкова од ЛДП. во Втората изборна единица прв е Оливер Спасовски а зад него Фатмир Битиќи, во Третата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, во четворката Венко Филипче и Јована Тренчевска, во петката Јован Митрески и Бисера Костадиновска, додека во Шестата изборна единица листата ја предводи Славјанка Петроска а зад неа е Агрон Демири.

На 28. Конгрес на партијата се донесе конечна одлука за носителите на кандидатските листи за парламентарните избори, а пред делегатите ќе биде презентирана и програмата за претстојните избори.

Претходна вестКривична пријава за фалсификување исправа
Следна вестДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ