Темен режим Режим на светлина

Лажни закани за бомби ја прекинувале наставата во Тетово, приведено едно лице

Лажни закани за бомби ја прекинувале наставата во Тетово, приведено едно лице Лажни закани за бомби ја прекинувале наставата во Тетово, приведено едно лице

Осумнаесетгодишно лице од тетовското село Палатица е осомничено дека стои зад повеќе лажни дојави за поставени бомби во основни и средни училишта во Тетово, информира полицијата. Иако по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави, наставата во училиштата била прекинувана, а кај граѓаните се создала вознемиреност.

Од СВР Тетово соопштија дека на 27 февруари 2026 година, во 09:10 часот, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со СВР Тетово, го лишиле од слобода М.Р. (18). Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки до образовни институции во Тетово со закани за наводно поставени експлозивни направи.

По спроведените проверки било потврдено дека сите дојави биле лажни. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Палатица, при што полицијата одзела повеќе електронски уреди поврзани со случајот.

Осомничениот е приведен во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Судот го прифати обвинението против Борче Марковски и други лица од РЕК Битола за проневера при тендер тежок над 1,7 милиони евра

Судот го прифати обвинението против Борче Марковски и други лица од РЕК Битола за проневера при тендер тежок над 1,7 милиони евра

Следна објава
Силјановска Давкова и Бегај на заедничка прес-конференција: Акцент на соработката

Силјановска Давкова и Бегај на заедничка прес-конференција: Акцент на соработката