Темен режим Режим на светлина

Левица: Зошто е идентитетот на „вработените“ во Министерството за политички систем таен?

Jавна тајна е тоа дека министерството за Политички систем и односи меѓу заедниците е вештачки создадено за вработување и дополнителна картелизација на институциите од страна на партиските војници на „прогресивната и зелена“ ДУИ. Во јавноста ова многу важно министерство е сведено на „Министерството на Артан Груби“, реагираат од политичката партија Левица.

– Но тие вработени, паразитите на буџетот на Република Македонија имаат име и презиме и заедно со нивните службени емаил адреси и телефонски броеви треба да бидат достапни на веб-страната на министерството. Но се разбира дека не е така, впрочем веб-страната на министерството за Политички систем покрај тоа што е крајно нефункционален туку и истиот кога ќе се отвори е првенствено на Албански јазик!

Но тие вработени, паразитите на буџетот на Република Македонија имаат име и презиме и заедно со нивните службени емаил адреси и телефонски броеви треба да бидат достапни на веб-страната на министерството. Но се разбира дека не е така, впрочем веб-страната на министерството за Политички систем покрај тоа што е крајно нефункционален туку и истиот кога ќе се отвори е првенствено на Албански јазик!

Бидејќи е очигледно дека единственото нешто што Министерството за Политички систем го прави е прослави за рамковниот договор и користење на зградата на министерството за партиските потреби на ДУИ, јавно ја прашуваме вице-премиерката за добро владеење Славица Грковска: Што треба еден граѓанин да направи за да дознае кој партиски војник на ДУИ му го јаде лебот, се вели во соопштението на Левица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Израел ја проширува операцијата во Газа, убиени повеќе од 8.000 луѓе

Следна објава

Учениците кои немаат учебници учат од диктати на наставниците