Темен режим Режим на светлина

„Македонци ќе ве убиеме“, „Голема Албанија“, антимакедонски пораки во центарот на Скопје (ФОТО)

„Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“, „Голема Албанија“ и други антимакедонски пораки се испишани на мостот пред Археолошки музеј. Овој мостот познат и како мостот „Око“ кој се наоѓа во центарот на Скопје.

Ова не е првпат да бидат осквернавени спомениците на во центарот на Скопје.

Во 2019 година беа осквернавени споменикот на Гемиџиите во Скопје како и мермерниот споменик на Јустинијан I кои се наоѓаат близу Камениот мост. Како и пешачкиот „Мост на уметноста“ кој го поврзува кејот со Археолошкиот музеј и Уставниот суд.

На сите страни од постаментот на Јустинијан I со црвен спреј е испишаno „ТКЗ“, кратенка од „Tifozat Kuq e Zi “, црвено и црни фанови, познат како Албански клуб за поддржувачи на националниот фудбалски тим.

Полицијата не ги пронајде тогашните сторители.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Се урива дивоградба во Инџиково, ќе се гради градинка (ВИДЕО)

Следна објава

Вчера имаше вкупно 19 пожари на отворено и сите се изгаснати до утрово