Темен режим Режим на светлина

Македонци и Бугари произведувале синтетичка дрога во стан во Софија

Криминална група составена од македонски и бугарски државјани во импровизирана нелегална лабораторија во Софија произведувале синтетички дроги.

Тие се откриени вчера во акција на Одделот за борба против организиран криминал на Р.Бугарија во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа).

Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани.

Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори.

Истовремено, на територијата на Република Северна Македонија, при претрес на дом, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и други хемиски супстанци во прашкаста и течна состојба.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Не се откажуваат: Левица ќе поднесе законски измени за апанажа и на работници

Следна објава

Дејан Георгиевски: АМС се надевам не свесно цели да го понижи мојот олимписки сребрен медал