Темен режим Режим на светлина

Не се откажуваат: Левица ќе поднесе законски измени за апанажа и на работници

Неизгласувањето на нивниот предлог да се укине скапата апанажа за пратениците и за именуваните функционери не го обесхрабри лидерот на Левица Димитар Апасиев да предложи ново законско решение. Тој денеска најави дека неговата партија наскоро ќе предложи законско решение со кое апанажата ќе им следува и на работниците, а не само на пратениците и на другите избрани функционери, откако ќе биде преќинат нивниот работен однос.

– После одбивањето на предлогот за укинување на апанажатаза функционерите, Левица ќе предложи воведување на “апанажа” и за работниците кои останале без работа. Веќе работиме на предлог-законот…#КласнаБорба #Реципроцитет, напиша Апсиев на Фејсбук.

Тој не објасни какви нови законски решенија би содржел новиот предлог кој ќе се однесува на работниците кои ќе останата без работа. Отстранувањето на дискриминацијата која што постои меѓу работниците, од една, и пратениците и функционерите, од друга страна, беше една од причините поради која Апсиев и Борислав Крмов побараа целосно укинување на апанажата. Тие укажаа дека обичен работник во Македонија кој ќе остане без работа, може да зема само 50 отсто од просечната нето – плата која што тој ја земал последната година и тоа под услов, само ако има минимален работен стаж од 9 месеци без прекин или 12 месеци со прекин.

-Притоа, за да може работникот да земе надоместок по основ на невработеност, треба да се исполнат уште многу други услови, како на пример: работниот однос да не престанал со отказ од страна на работникот, со спогодба, со отказ од страна на работодавецот поради кршење на работниот ред и дисциплина итн. Од друга страна, за министрите не се предвидени никакви услови, па така ним им следува 100 проценти од платата која што ја земале додека биле министри, а за министерување од 24 месеци, законот предвидува можност за земање на апанажа од 12 месеци, укажаа од Левица.

Оваа партија во образложението на барањето за укинување на надоместокот за пратеници и функционери наведе и друг тежок услов.

-Едно невработено лице за да земе надоместок по основ на невработеност 24 месеци, потребно е да има работен стаж од 25 години! Воопшто не изненадува фактот дека ниту еден од овие министри во време на економска, здравствена и енергетска криза не се откажа од апанажата и оваа привилегија, затоа што истите се и главни генератори и виновници на сиромаштијата, криминалот и класната раслоеност која владее денес во државата, потенцираа при поднесувањето на предлогот од Левица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

„Пајакот“ не може да постигне - за една недела кренати 120 возила

Следна објава

Македонци и Бугари произведувале синтетичка дрога во стан во Софија