Темен режим Режим на светлина

„Пајакот“ не може да постигне – за една недела кренати 120 возила

Преземени се мерки за 121 автомобил непрописно паркирани на јавни површини. Овие неправилности се утврдени за само една недела на контрола низ Скопје.

Непрописно паркираните  возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролите ќе продолжат да се одвиваат во континуитет. Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат само на означените паркиралишта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ако утре барате нешто во Водовод - недостапни се

Следна објава

Не се откажуваат: Левица ќе поднесе законски измени за апанажа и на работници