Темен режим Режим на светлина

Малолетник украл „пежо“, го возел и го оставил на улица во Тетово

Малолетник украл „пежо“, кое го возел и го оставил на улица во Тетово. Малолетникот бил задржан во Полициската станица.

– Вчера, околу 20.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово поради сомнение дека два часа пред тоа одзел патничко возило „пежо 306“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 65-годишниот тетовец И. А. Возилото околу 20.30 часот е пронајдено на улицата Фуштанска во Тетово и му било вратено на сопственикот, информираат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Тетово, а малолетникот бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Низ цела држава се апселе дилери, кај сите нив пронајдена дрога

Следна објава

ОТА: Не сме набавиле ниту користиме софтвер „Предатор“