Мицкоски: Падна митот за Кичево, народот покажа дека може да се обедини

17

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на прес-конференција по повод вториот круг од локалните избори 2025 година истакна дека резултатите ја покажуваат силната волја на граѓаните за промени и обединување, а како посебно значајна ја издвои победата во Кичево.

„Морам да признам една посебно силна порака која доаѓа оваа вечер, а таа е од нашето Кичево. Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против недомаќинското работење. Покажавме што можеме кога сме обединети,“ рече Мицкоски.

Тој нагласи дека токму оваа победа е доказ дека обединувањето околу вредностите и заедничките цели е можно, без разлика на политичката или верската припадност.

„Во Кичево соработувавме луѓе од различни вери и припадности против оние кои го влечеа градот надолу. Ова ја отвора вратата дека можеме да се обединиме – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите – околу политиките што им се потребни на граѓаните. Победи идејата дека Македонија е дом за сите,“ изјави Мицкоски.

Тој додаде дека победата во Кичево е симболична и испраќа порака за една пообединета и посилна Македонија.

„Падна митот дека Кичево е нечие. Победија Кичевчани. Таа победа зборува за Македонија што созрева, за народ кој не се плаши да се обедини. Кичево мора да биде и ќе биде во фокусот на владата,“ порача Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСотир Лукровски е нов градоначалник на Карпош
Следна вестМицкоски од Скопје оди кон Брвеница и Кичево