Темен режим Режим на светлина

Mинистерот Лога не поднел оставка

Министерот за правда Кренар Лога вчера не поднел оставка како што тоа објавија повеќе медиуми по владината седница на којашто на доработка беше вратен Предлогот на – законот за амнестија.

Од Кабинетот на Лога вчера изјавика дека траквите информации не се вистинити.

-Нема вистина во тоа дека министерот поднел оставка на седницата на Влада, изјавија оттаму.

Владата синоќа соопшти дека Предлог-законот за амнестија поднесен од Министерството за правда е вратен на дополнително усогласување со надлежните институции, а претходно во јавноста излегоа информации дека оваа одлука не му се допаднала на министерот за правда, Кренар Лога кој ја напуштил седницата и најавил оставка.

Законот за амнестија е предлог нацрт закон кој е изготвен во Министерството за правда. Според Министерството, станува збор за олеснување на состојбата со пренатрупаноста во казнено поправните установи.

Во законот не е предвидено и намалување на казната за осудените за настаните на 27 април во 2017 година во Собранието. Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени за кривични дела против државата, во кои спаѓа и делото терористичко загрозување на уставниот поредок, за кое беа осудени инволвираните во настаните на 27 април.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Сончево и облачно со краткотраен пороен дожд

Следна објава

Лебот од 33 поевтини на 29 денари, не сите маркети ги намалија цените..., владината одлука различно се применува