Темен режим Режим на светлина

Обвинет тинејџер, споделувал експлицитно видео од малолетничка

Осумнаесетгодишник е обвинет за производство на детска порнографија, соопштија од МВР.

Скопската полиција поднесе кривична пријава против А.Д.(18) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикажување на порнографски материјал на дете“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Во јануари 2023 година, пријавениот со закана направил видео запис со експлицитна содржина од малолетничка, по што преку мобилни апликации го споделил записот на нејзиното семејство и соученици.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ја прославија независноста, а стануваме се позависни

Следна објава

Едногодишно дете починало во градинка во Њујорк, под душекот на кој спиело била пронајдена опасна дрога