Темен режим Режим на светлина

Мицкоски му одговори на Груевски: Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да се спротивставам

Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам, одговорот е кој денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му го даде на неговиот претходник и екс-премиер Никола Груевски.

Мицкоски со објавата на неговиот профил на Фејсбук одговори на барањето на Груевски да достави доказ дека екс-премиерот прифатил валкана игра со власта со цел да се обезбеди мнозинство за уставните промени.

Во одговорот Мицкоски наведува дека нема потреба од дијалог преку медиуми, но бидејќи Груевски му се обратил со статус само еднаш ќе му одговори на ист начин:

-Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш. Нема да дозволам да се заборави што прави оваа криминална власт за да остане се подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина. Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да се спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која се повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот не бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018та, ова е друго време, нагласи Мицкоски.

Тој го потсети Груевски дека се знае вистината.

-Како велеше, “вистината е како шило, порано или подоцна ќе излезе”, а вистината ја знаеме и јас и ти…, но изгледа ја знаат и други кои ја кажуваат изминативе денови јавно, помалку или повеќе гласно и јасно, наведе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Што ќе им каже Пендаровски на Бајден, Зеленски...?

Следна објава

Ја прославија независноста, а стануваме се позависни