Мицкоски: На 16 јуни ќе го соопштиме нашиот новитет за пресврт

Најава дека на 16 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе објави новина која ќе означи пресврт искажа синоќа партискиот лидер Христија Мицкоски на одбележувањето на роденденот на партискиот подмладок УМС во битолска Хераклеа.

А, што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ, како ВМРО-ДПМНЕ ќе се проектира наредниот период, и каква сила ќе бидеме ќе видите многу скоро, почекајте – 16-ти јуни е датумот. 16-ти јуни е вистинската најава за пресврт, за еден голем новитет, во пресрет на одбележување на формирањето на нашата партија од Охрид ќе го соопштиме нашиот новитет. На посебен настан“, порача Мицкоски.

Тој на присутните им рече да го запаметат слоганот кој го промовира УМС по повод 30 роденден „Ние сме иднината“.

Во своето обраќање тој се осврна и на неодамнешната одлука на САД за ставање на „црна листа“ на сите оние кои се против Преспанскиот и против Охридскиот договор.

 ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери. Заедно со ЕУ тоа се системите кон кои ние единствено се стремиме, но воедно тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски национални интереси кои се нашиот базичен темел, наше право и долг кон Македонија. Таа борба за мене е завет, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,

Тој потсети дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ го потпишала договорот за Стратешко партнерство со САД, дека ја донела визна либерализацијадоговор за стабилизација и асоцијација?

Кој доби десетина препораки за почеток на преговори со ЕУ и заштитени национални интереси? Повторно ВМРО-ДПМНЕ. Епа, ова е најдобриот демант на тезите на домашните пара-аналитичари кои сами прават некакви црни листи во името на Зоран Заев. Делот во одлуката на претседателот Бајден каде јасно кажува дека се однесува и на корупција и криминал која се знае дека е широко распространет, стимулиран и заштитен од власта, не кажуваат ниту збор. Нема толку хартија, колку што има криминалци и корумпирани политичари во власта за  таа црна листа, нагласи Мицкоски.

Тој потсети дека се дозволи да избега Ден Дончев иако на камери се виде како зема „туце“ со пари.

-Што е со пасошите давани за криминалци и аферата „Мафија“? Таму лежат службеници, а нема истрага за Спасовски. Зошто никој не го викнал Вице за рекетот од 250 илјади евра во РЕК, додека Ковачевски за зделката е унапреден од директор на РЕК Битола во директор на ЕЛЕМ? Има уште стотици и стотици други скандали, афери, криминали, кражби, неправди и измами”, оцени Мицкоски.

Претходна вестПретпладне облачно со малку сонце, попладне пороен дожд
Следна вестИ до 21 јуни македонските државјани ќе влегуваат во Грција според сегашните правила