Ангеловски ги одбра единаесетмината кои ќе настапат на првиот меч на ЕУРО 2020

Целиот тим на Австрија доаѓа од Бундес – лигата, а Македонија направи сензација со триумфот над Германија (1-2) во квалификациите за СП во Катар 2022. Селекторот Игор Ангеловски ја има победничката формула и не мисли да ја менува. Денеска на Националната арена во Букурешт (18 часот) на историскиот прв меч на Македонија на европските првенства, ќе стартува токму тимот што играше и во Дуисбург.

На голот е Столе Димитриевски, а во одбранбеното трио ќе бидат поставени Стефан Ристовски, Дарко Велковски и Висар Муслиу.

Во средниот ред ќе играат Аријан Адеми и Енис Барди како двајца последни играчи за врска, лево е Езгјан Алиооски, а десно Бобан Николов. Најблиску до противничкиот гол во маневарот ќе биде Елиф Елмас, а во нападот се капитенот Горан Пандев и Александар Трајковски.

Мечот меѓу Македонија и Австрија почнува во 18 часот.

Претходна вестПо 10 месеци, За првпат во земјава нема починат од коронавирус
Следна вестTeтовец приведен за физички напад врз мајка си