Мицкоски: Тешко на Македонија ако решението се “тандемот лепливи прсти” Заев и Бучковски

Тешко на Македонија ако решението се “тандемот лепливи прсти” Заев и Бучковски. Ова е предвестие на катастрофата која не смееме да дозволиме да се случи, реагира денеска попладне Христијан Мискоски на информацијата дека Владо Бучковски е именуван за владин претставник за Бугарија.

Во написот на Фејсбук лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ наведе и конкретни аргументи зошто смета дека Бучковски не е добар избор.

Објавата ја пренесуваме во целост:

-Бучковски предлагаше заедничко чествување на Илинден со источниот сосед, а Заев во скорешното интервју ги направи ослободители.

Денес, човекот чија кариера заврши со политички договор за судскиот предмет Тенковски делови, Заев го враќа на нова врата која преговара за историјата, јазикот, македонското малцинство, хероите.

Луѓето со “лепливи прсти”, едниот познат по Бачило, продажба на ЕВН, Маџар Телеком, пасоши, другиот познат по Глобал, поткуп- евро за Вицето, Рекет 1 и 2, плантажи со марихуана се тандемот кој треба да го решава проблемот со Бугарија. Овие двајца луѓе се познати само по продавање, и тоа за жал по евтино продавање.

Тешко на Македонија ако решението се “тандемот лепливи прсти” Заев и Бучковски. Ова е предвестие на катастрофата која не смееме да дозволиме да се случи. Затоа кога овие двајца се прашањето, одговорот е народот, напиша Мицкоски.

Претходна вестОткако застана зад Заев – Бучковски стана владин претставник за Бугарија
Следна вестРегистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус